Црвена Звезда доживеа фијаско со елиминацијата во квалификациите за Лигата на Шампионите, прв цената ја плати тренерот Станковиќ, но се очекува до крајот на овој преоден рок да си заминат и неколку фудбалери кои беа стандардни во изминатиот период во таборот на српскиот шампион.
Прв нога повлече Наир Тикнизјан, ерменскиот лев бек кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Олимпијакос. Грчкиот гигант исто како и српскиот првак беше елиминиран во квалификациите за ЛШ, но реши дополнително да инвестира во играчкиот кадар за битката за највисок пласман.
За Тинкизјан се интересираше и Зенит, но самиот фудбалер го избра Олимпијакос за следна дестинација во кариерата. Црвена Звезда ќе има загарантирани пет милиони евра од овој трансфер, а вкупната сума би можела да достигне до седум милиони евра ако се исполнат сите клаузули.
„Црвено-белите“ пред една година го доведоа Ерменецот за сума од 1,7 милиони евра, така што одлично заработија на овој дефанзивец. За утеха по загубеното богатство по неуспехот во европските квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
