Ѕвездата на Сити го крена гласот против проширувањето на ЛШ: Тоа е малку помало зло од Суперлигата

Манчестер Сити заедно со најголемите дванаесет клуба во Европа беше на прагот до формирање на т.н. Суперлигата, натпреварување кое требаше да го земе приматот од Лигата на Шампионите како најдобро фудбалско натпреварување. За среќа, или за жал, планот на „Големите 12“ пропадна, а најзаслужни за тоа беа навивачите на клубовите.

Суперлигата пропадна за само три дена, а потоа брзо реагираше и УЕФА која го претстави новиот план за проширување на ЛШ од 2024. Со цел да им „угоди“ на европските великани, во новиот изглед на Лигата на Шампионите место ќе има и за клубовите кои нема да успеат да се пласираат во натпреварувањето преку домашните првенства, а ќе имаат најголеми коефициенти.

Како што дел од фудбалерите го кренаа гласот против Суперлигата, така сега играчите повеќе зборат за реформите во форматот на Лигата на Шампионите. Еден од првите кои говореше на оваа тема е фудбалерот на Манчестер Сити, Икај Гундоган.

„Можеме ли малку да збориме за новиот формат на Лигата на Шампионите? Се повеќе и повеќе натпревари. Зар некој мисли на нас играчите? Новиот формат на ЛШ е само малку помало зло од Суперлигата. Сегашниот формат на Лигата на Шампионите функционира сјано и со причина е најпопуларното натпреварување за играчите и навивачите“, изјави Гундоган.

Се вчитува...