Звјездан Цветковиќ пронајден мртов во гаража

Поранешниот прославен фудбалер на Динамо Загреб, Звјездан Цветковиќ, пронајден е утрово мртов во гаража во Загреб. Се уште не е позната точната причина за смртта, но на телото нема траги од насилна смрт, информираат хрватските медиуми.

Цветковиќ беше еден од најдобрите дефанзивци на Динамо Загреб и еден од позначајните фудбалери во тогашната југословенска фудбалска лига. За „модрите“ играше од 1980 до 1987 година, и забележа 492 настапи. По завршувањето на кариерата беше кусо и тренер на Динамо Загреб, како и спортски директор на клубот.

Се вчитува...