Звонко Шундовски го напушта Израел и се враќа во Македонија

Звонко Шундовски се откажа од селекторска функција во репрезентацијата на Израел по нецела година помината на клупата. Шундовски го потврди раскинот на договорот со Ракометната федерација на Израел и најави дека се враќа во Македонија.

Да, тоа е готова работа. По пет и пол години континуирана работа во странство, се враќам назад во Македонија. Ја прекинав соработката со Израелската ракометна федерација на мое барање“ – изјави Шундовски.

Звонко Шундовски е поранешен и досега најуспешен селектор на репрезентацијата на Македонија која под негово водство го освои 5.место на ЕП 2012 во Србија. Во клупската тренерска кариера, Звонко Шундовски беше на кормилото на Пелистер, на Металург, а потоа неколку години ги предводеше романските клубови Констанца и ЧСМ Букурешт.

Последниве месеци името на Звонко Шундовски се поврзуваше со новиот проект на Пелистер, но во меѓувреме битолскиот тим на клупата го ангажира Борче Марковски. Во однос на идниот ангажман, според најавите, остануваат отворени неколку други опции, но тоа останува за понатаму.

„Сега-засега нема ништо конкретно…“ – вели Звонко Шундовски.

Се вчитува...