Адеми воодушеви болни навивачи: Нивната храброст и оптимизам треба да се пример за сите нас! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Адеми воодушеви болни навивачи: Нивната храброст и оптимизам треба да се пример за сите нас!

Адеми воодушеви болни навивачи: Нивната храброст и оптимизам треба да се пример за сите нас!

Малите Лука, Петар и Славко болуваат од најтежок облик на мускулна дистрофија… Но, позитивниот дух кој го носат во себе никогаш не исчезнал од нивните срца. Искрено со срце пристапуваат и кон навивањето за својот омилен клуб Динамо Загреб… Токму затоа беа пресреќни кога нив се одлучи да ги посети македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

„Нивниот живот е борба, затоа сите ние треба само да им се поклониме. Насмевката на нивните лица е најголема награда и поттик за сите нас. Таа храброст со која овие деца патуваат низ животот, оваа ведрина и оптимизам треба да бидат пример за сите нас“ – истакна Адеми по посетата на семејството Чабраја.

Мајката Даниела и таткото Анте, како и нивните три сина Славко (16, Петар (12) и Лука (10) од неодамна се горди членови на навивачкиот клуб на Динамо Загреб.

„Нашите момчиња се огромни навивачи на Динамо, па сите ние се зачленивме во клубот. Во нашето семејство едноставно не може да се живее без фудбал, затоа и сме пресреќни што сега со нас е Аријан“ – истакна Анте на средбата со македонскиот репрезентативец.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.