Агуеро има план за во иднина: „Кам-бек“ во клубот од детството

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро планира да се врати во клубот во кој ја започна фудбалската кариера, агрентинскиот Индепендиенте, но откако ќе му истече договор со „граѓаните“. Рекордерот по број на голови во историјата на Сити, има договор со клубот до 2019 година, со опција да го продолжи на уште една сезона, но Агуеро вели дека враќањето во Индепендиенте е негова примарна цел.

„Прочитав некаде дека Реал Мадрид и Милан се интересираат за моите услуги, па така би им го урнале сонот на фановите на мојот матичен клуб за моето евентуално враќање. Но, мојот план е да се вратам во Индепендиенте откако ќе ми истече договорот со Сити во 2019 година. Во договорот имам клаузула која ми овоможува да ја продолжам соработката и да останам во Манчестер уште една сезона, но приоритет ми е да се вратам во Аргентина и повторно да го облечам дресот на тимот кој ми ги отвори вратите во фудбалската сфера“, истакна Агуеро.

Се вчитува...