Академија Пандев и Вардар в недела во Струмица ќе го играат заостанатиот меч од 8. коло

Заостанатиот натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра в недела од 13 часот во Струмица.

Иако првично беше најавено дека в недела, сепак, ќе се игра дуелот од редовното 17. коло меѓу двете екипи, натпреварувачката комисија одлучи да се одигра најпрво заостанатиот натпревар од 8. коло.

Мечот од 17. коло меѓу двете екипи ќе се одигра на 10. декември во Скопје. Веднаш потоа, на 13. декември Вардар треба да го одигра и заостанатиот натпревар од 12. коло против Работнички.

Вардар во четврток му гостува на Зенит во петтиот натпревар од Лигата на Европа.

Се вчитува...