Алексеј Швед ја „потопи“ Грција, Русите во борба за медал на Евробаскетот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Алексеј Швед ја „потопи“ Грција, Русите во борба за медал на Евробаскетот

Алексеј Швед ја „потопи“ Грција, Русите во борба за медал на Евробаскетот

Русија е третата репрезентација која успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Евробасктетот, откако го совладаа составот на Грција со реузлтат од 74-69. Избраниците на Базаревич заслужено триумфираа во тесниот дуел кој се решаваше се до последните моменти, грчкиот тим потфрли кога се одлучуваше победникот.

Старт каков што се очекуваше. Двете репрезентации разменија водство во воведните минути, а по кратката иницијатива на Русија кон средината на периодот, грчките кошаркари запнаа, па со серија од 9-2 изградија предност од 7 поени ја освоија првата четвртина со резултат од 24-17.

Грците во ист ритам продолжија во вторите 10 минути, па со нова серија од 9-0 стигнаа го највисоката предност од +13 поени. Сепак, составот на Базаревич успеа да ја намали негативата, па така и четвртината ја осовија со еден поен повеќе. Репрезентацијата на Грција мораше да се задоволи со водството од 6 поени, при резултат од 37-31.

shvedprintezis

Расположените Принтезис и Калатес се погрижија за новото двоцифрено водство за Грците на почетокот од второто полувреме. Но, јасно беше средбата ќе биде неизвесна се до завршницата, Швед со 13 поени „распали“ по кошот на противникот, и одново ја врати резултатски својата репрезентација. Русија го освои периодот со 20-16, додека Грција започна со само 1 кош предност во последните 10 минути од средбата(53-51).

На почетокот од последната четвртина Русија го превзеде резултатот, па се до средината на периодот ја одржуваа минималната предност. Нервозата беше се поприсутна во гричкиот тим, но упорноста се исплати, па победникот се одлучуваше во последните секунди. При водство од 2 поени, Квостов погоди важен шут за рускиот состав на само 40 секунди до крајот. Грците се обидоа  да изнудат барем продолженија, сепак Русија искусно го насочи мечот кон мирен крај, откако ја потврдија победата со резултат од 74-69.

Алексеј Швед ја предводеше својата репрезентација до значајната победа со 26 поени, Мозгов додаде 15 поени и 10 скока. За Грција не беа доволни 25 поени на Ник Калатес, Принтезис застана на 19 поени, додека искусниот Борусис постигна 10 поени и 7 скока.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.