Алиоски растура: Против Јанг бојс до 15. гол сезонава

Езгијан Алиоски продолжува со фантастичните настапи во дресот на Лугано, откако токму македонскиот ас му донесе предност на својот тим на гостувањето против Јанг бојс по само шест минути игра. Јанг бојс беше голем фаворит во пресрет на оваа средба, но тоа не му пречеша на македонскиот интернационалец да ја продолжи извонредната низа, па со прецизен удар од непосредна близина да стигне до својот 15. гол во швајцарскиот шампионат сезонава.

Погледнете го најновиот погодок на Алиоски за тимот на Лугано.

Egzijan Alioski Goal HD – Young Boys 0 – 1… by GoalReplay

Се вчитува...