Алтипармаковски стрелец за Судува во првенството на Литванија

Македонскиот фудбалски интернационалец Марјан Алтипармаковски беше стрелец на погодок за својот тим Судува во првенството на Литванија. Тој го постигна третиот гол за Судува во триумфот од 1-3 на гости против Штумбрас.

Алтипармаковски влезе во игра во 72.минута и ја искористи шансата постигнувајќи погодок во 90.минута од натпреварот. Неговиот тим Судува се наоѓа на третата позиција на табелата во литванскиот шампионат.

Се вчитува...