Ангелов го спаси Ујпешт од пораз, Барди во „аут“ поради повреда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

Ангелов го спаси Ујпешт од пораз, Барди во „аут“ поради повреда

Ангелов го спаси Ујпешт од пораз, Барди во „аут“ поради повреда

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Виктор Ангелов беше стрелец за Ујпешт во 23. коло од шампоонатот на Унгарија во ремито на неговиот тим од 1-1 против Хонвед.

Ангелов, кој во игра влезе во 81. минута од средбата, го спаси Ујпешт од пораз стрелајќи во 91. минута од средбата. Претходно, Хонвед дојде до водство со голот на Зотер во 27. минута.

Ова е прв гол сезонава за Ангелов во дресот на Ујпешт во кој одигра досега 12 натпревари. Во домашниот тим го немаше Енис Барди кој паузира поради повреда.

Ујпешт е на 6. место на табелата со 31 бод, додека Хонвед е второпласиран со 40 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.