Англија е светски првак во фудбал (видео)

Англија по долги години успеа да се искачи на врвот на светскиот фудбал, откако „гордиот албион“ триумфираше на мундијалот за играчи до 20 години. Во големото финале Англичаните денеска за противник ја имаа Венецуела, успевајќи да триумфираат со минимални 1-0 со погодокот на Калверт – Левин, откако фудбалерот на Евертон добро се снајде во противничкиот шеснаесетник и од втор обид го матираше противничкиот голман.

Улогата на херој на ова финале му припадна на англискиот голман Фреди Вудман, кој на петнаесетина минути до крајот одбрани пенал, за потоа во 90. минута со уште една одлична интервенција да спречи смешен автогол на еден од своите соиграчи.

За Англија ова е прва светска фудбалска круна по 1966 година, кога „гордиот албион“ славеше во сениорска конкуренција.

Се вчитува...