Атлетико се спаси од бламажа против Гирона

Гирона не успеа да приреди сензација и да слави над Атлетико Мадрид на отворањето на новата сезона во Примера откако новиот прволигаш одигра само 2-2 против поранешниот вицешампион на Европа. Домашните фудбалери одиграа фантастично прво полувреме во кое целосно го надиграа противникот и заслужено поведоа со 2-0, а се чинеше дека приказната на овој меч е завршена откако Антоан Гризман кон средината на вториот дел доби црвен картон, прв жолт за обид за глумење пенал, а втор за навреда на судијата.

Сепак, дури тогаш гостите од Мадрид се разбудија, па успеаја да стигнат до израмнување преку Кореа и Хименез. Гирона притисна во последните минути, но Јан Облак со бравурозна интервенција во судиското продолжение спаси барем еден бод за Атлетико, кој дефинитивно е далеку од посакуваната форма на стартот од сезоната.

Girona Vs Atletico Madrid 2-2 – All Goals… by TM-Entertainment

Се вчитува...