Австриецот Хиршер до златото во алпска комбинација

Конечно, по двете претходни одложувања на натпреварите во алпско скијање, Австриецот Марсел Хиршер стигна до првото злато во алпските дисциплини.

Неверојатно звучи податокот дека шесткратниот освојувач на Големиот кристален глобус стигна до првото олимписко злато и тоа во алпска комбинација.

По трката во спуст Хиршер беше на 12. место со заостанување од само 1,32 секунди. Па, во слаломската трка едноставно беше незапирлив за олимписка титула.

Сребрениот медал го освои Французинот Алексис Пинтуро кој задоцни севкупно само 23 стотинки зад победникот, а бронзата ја освои неговиот сонародник Виктор Муфо-Жандо со една секунда заостанување.

 

Се вчитува...