Баерн и Јуве се договорија, Коман ќе биде „баварец“ со документ

Во неговата втора сезона како позајмен играч од италијанскиот шампион, Кингсли Коман не се покажа во најдобро светло, но неговата форма полека се подобрува. Сепак, баварскиот клуб одлучи да го откупи комплетно неговиот договор од Јувентус. Тоа го потврди и претседателот на клубот, Карл Хајнц Румениге.

21 – годишниот Коман пристигна во Минхен на двегодишна позајмица од Јувентус во 2015 година, по само 15 одиграни натпревари за „старата дама“ откако го напушти матичниот клуб ПСЖ.

„Баварците“ тогаш платија 13 милиони евра за неговите услуги за двегодишна позајмица, а според договорот германскиот шампион плати оштета од 20 милиони евра за Коман да остане комплетно на „Алијанц Арена“.

Французинот е еден од најголемите таленти во Европа, а познат е по тоа што освојува титули каде и да заигра. Започна со ПСЖ каде два пати освои титула во домашното првенство и еднаш во домашниот куп, потоа со Јувентус ја освоија Серија А во пакет со купот, додека со Баерн Минхен минатата сезона повторно освои двојна круна во првенството и купот, а исто така е на добар пат да ја одбрани Бундеслигата оваа сезона.

Се вчитува...