Барселона ја прослави шампионската титула, Лазаров стигна до 950 гола во АСОБАЛ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/07/2017 22:22
Ракомет
24/07/2017 21:25
Ракомет
24/07/2017 20:37
Фудбал
24/07/2017 20:08

Барселона ја прослави шампионската титула, Лазаров стигна до 950 гола во АСОБАЛ

Барселона ја прослави шампионската титула, Лазаров стигна до 950 гола во АСОБАЛ

Кире Лазаров и Борко Ристовски слава уште една рутинска победа со Барселона во шпансклата АСОБАЛ лига. Каталонците кои веќе ја обезбедија шампионската титула, на домашен терен го победија Пуенте Хенил со 37-29 и ја запишаа 28.победа во 28.коло во АСОБАЛ лигата. По триумфот на ракометарите на Барселона им беше врачен и шампионскиот пехар.

Кире Лазаров постигна два гола од шест обиди, со кои стигна до вкупна бројка од 950 погодоци во АСОБАЛ лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад реал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.

Борко Ристовски  го заврши мечот со седум одбрани од кои и еден одбранет седмерец.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.