Барселона ќе купува од Лајпциг: Вернер и Упамекано доаѓаат на „Камп Ноу“? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Барселона ќе купува од Лајпциг: Вернер и Упамекано доаѓаат на „Камп Ноу“?

Барселона ќе купува од Лајпциг: Вернер и Упамекано доаѓаат на „Камп Ноу“?

Каталонскиот гигант Барселона размислува за нови засилувања во зимскиот преоден рок, иако има одличен старт на сезоната под раководство на Ернесто Валверде. Но, новиот стратег знае дека му е потребен поголем фонд на квалитетни фудбалери за да ги издржи настапите на сите фронтови, па побара од челниците на клубот да му доведат најмалку двајца нови фудбалери.

Валверде сака да ја засили навалната линија со Тимо Вернер, напаѓачот на Лајпциг, а во пакет со него на „Камп Ноу“ би можел да дојде и одбранбениот фудбалер на овој клуб, Дајот Упамекано. Се работи за двајца одлични млади фудбалери кои веќе го покажаа својот квалитет во редовите на Лајпциг. Ако Барселона успее да го доведе и Фелипе Кутињо од Ливерпул, тогаш Валверде ќе има навистина состав за респект, и за освојување на Лигата на шампионите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.