Барселона подготвена да плати 120 милиони евра за Еден Азар

Шпанскиот гигант Барселона им уште две седмици да го пополни ростерот со нови квалитетни засилувања, откако го продаде Бразилецот Нејмар за 222 милиони евра. Првото „Ел Класико“ покажа дека каталонскиот тим има многу ’дупки’ и дека ќе мора значително да се засили во претстојните десетина дена. Токму затоа, раководството на клубот и тренерот Ернесто Валверде ги означија приоритетите.

Бразилецот Паулињо веќе пристигна на „Камп Ноу“, а во Барселона се обидува да ги ангажира и Фелипе Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Сепак, најголемата желба на Валверде е Еден Азар, белгискиот интернационалец од англискиот премиерлигаш Челси. Како што јавуваат шпанските медиуми, Барселона за него е подготвена да плати 120 милиони евра и да го одведе во Ла Лига.

За Азар во минатото интерес покажуваше и Реал Мадрид, но Челси успешно одолеа на притисокот на „кралевите“. Сега Барселона има ’свежи пари’ по продажбата на Нејмар…

Се вчитува...