Барселона за Барселона – Наместо името на играчите на дресот ќе стои името на градот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43
Ракомет
25/09/2017 9:58

Барселона за Барселона – Наместо името на играчите на дресот ќе стои името на градот

Барселона за Барселона – Наместо името на играчите на дресот ќе стои името на градот

На утрешниот натпревар против Бетис, на дресовите на Барселона наместо името на играчите ќе го пишува името на градот, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Каталонскиот клуб доби посебна дозвола од Шпанската фудбалска федерација, за да им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад што се случи во четвртокот во Барселона. Покрај името на градот, сите играчи на дресот ќе го имаат и слоганот #TotsSomBarcelona (сите сме Барселона) што исто така е одобрено од раководството на Ла Лига.

barsa 2

„Сакам да им изразам сочувство на семјствата и на пријателите на жртвите на ужасниот напад. Ние кои сакаме да живееме во мир и во свет без омраза во кој почитувањето и толеранцијата се основа за соживот, ние сме во мнозинство и нема да се предадеме“ – порача Лионел Меси.

Пред натпреварот против Реал Бетис, утре во 20.15 часот, играчите и навивачите со едноминутно молчење ќе им оддадат почит на жртвите во терористичкиот напад во кој загинаа 13 луѓе, а стотина се повредени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.