Бернардески дојде на прегледи во Торино

Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески пристигна во Торино, каде во текот на денот треба да ги мине медицинските прегледи и да го комплетира својот трансфер од Фиорентина во Јувентус. Тој потпиша петгодишен договор со „старата дама“ и ќе заработува 4 милиони евра по сезона. Фиорентина ќе добие 42 милиони евра отштета за овој одличен играч за врска.

Најавите од Италија велат дека Бернардески ќе ја добие „десетката“ во Јувентус, што во минатото ја носеше Алесандро Дел Пјеро.

Се вчитува...