Бесир Демири: Одиме на победа во Чаир - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Бесир Демири: Одиме на победа во Чаир

Бесир Демири: Одиме на победа во Чаир

Во рамките на 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, Шкупи во недела на стадионот во Чаир го пречекува лидерот Вардар.

Шкупи и Вардар со меѓусебна пресметка го почнуваат четвртиот круг од шампионатот. Шкупи со секогаш активни амбиции да се стигне до позитивен резултат со шампионатот, а Вардар да ја зачува предноста од 11 бода во однос на Шкендија.

Левиот бек на „вардарци“, Бесир Демири кој во минатото го носеше и дресот на Шкупи, верува дека Вардар може да стигне до триумф на Чаир…

„Добро е познато дека одиме на победа на овој натпревар. На нов триумф во првенството со кој што ќе се зацврстиме на првата позиција на табелата и ќе ја задржиме предноста која ја стекнавме до сега. Го цениме противникот и знаеме дека нема да биде лесно, меѓутоа подготвени сме да дадеме максимум за да ги освоиме бодовите од овој натпревар. Се надевам дека со тоа ќе продолжи и нашата серија на победи. Атмосферата во екипата на Вардар е одлична, и се надевам дека тоа ќе придонесе за нови три бода и во недела“ – вели Демири во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.