Бојан Трајковски со сребро во супервелеслалом на Специјалната олимпијада во Австрија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

Бојан Трајковски со сребро во супервелеслалом на Специјалната олимпијада во Австрија

Бојан Трајковски со сребро во супервелеслалом на Специјалната олимпијада во Австрија

Македонскиот скијач Бојан Трајковски освои сребрен медал на ЗОИ 2017 на Специјална олимпијада која се одржува во Австрија.

Трајковски на трката во Шладминг стигна до сребрето во супервелеслалом за почетници, заостанувајќи само 15 стотинки зад победникот Аргентинецот Хардинез.

Трајковски кој е единствен македонски претставник во Австриј, воден од својот тренер Јован Јовановски, ќе настапи и во дисциплината велеслалом. На Специјалната зимска олимпијада учествуваат 2.700 спортисти од 107 земји од светот.

Натпреварите се одржуваат во Грац, Шладминг и Дахштајн и тоа во девет дисциплини.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.