„Бомбата“ пукна: Палмарсон во Барса до 2021 година

Арон Палмарсон од денеска и официјално е дел од Барселона, за крај на ракометната сага околу иднината на исландскиот среден бек. Каталонците утрово официјално објавија дека е постигнат целосен договор со Веспрем за предвремено откупување на договорот што Палмарсон го имаше со унгарскиот првак, по што веќе нема никакви пречки за одличниот среден бек да му се стави на располагање на Чави Паскал.

Палмарсон подолго време инсистираше на овој трансфер, откако веќе се имаше договорено во 2018 да дојде во Барселона, но Исланѓанецот настојуваше преселбата да се случи минтото лето. Веспрем не сакаше ниту да преговара, но ситуацијата се промени откако Палмарсон на првиот тренинг на новиот тренер Врањеш јасно стави до знаење дека повеќе не сака да настапува за унгарскиот гигант. Следеше казна за него, но наскоро потоа и почеток на преговорите, со кои двата европски гиганти на крајот се договорија Барселона да плати 700.000 евра за Исланѓанецот.

Арон Палмарсон веднаш ќе има право за настап и во Лигата на шампионите, каде каталонците се наоѓаат во иста група и со македонскиот првак Вардар.

 

Се вчитува...