Борко брани, Барселона победува

Кире Лазаров и Борко Ристовски со екипата на Барселона славеа победа на гостувањето во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен со 24-31 во 11.натпревар од Лигата на шампионите.

Борко Ристовски беше на голот на Барселона во текот целиот натпревар и повторно беше еден од креаторите на гостинската победа на шпанскиот тим. Кире Лазаров постигна четири гола, сите во првото полувреме во кое Барса направи недостижна предност од 10-18.

Најефикасен во составот на Барселона беше Французинот Тимоти Н’Гесан со пет погодоци. Во тимот на Кадетен Шафхаузен, листата на стрелците ја предводе Габор Часар со седум гола.

За Барселона ова е 10 победа во Лигата на шампионите со која каталонскиот тим се зацврстува на лидерската позиција во Групата А со четири бода и натпревар повеќе од ПСЖ на второто место.

Се вчитува...