Чеде не можеше да се помири – Долго објаснување со судијата Ставрев по мечот (ФОТО + ВИДЕО)

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски не можеше очигледно да се помири со поразот од Работнички во дербито од 21. коло. А, вината за поразот по мечот се обидуваше да ја пронајде и во судиската тројка…, иако останува фактот дека бледата игра на „вардарци“ е единствената причина за тоа.

Јаневски по мечот долго остана на теренот да се објаснува со главниот судија на натпреварот Александар Ставрев околу судењето на натпреварот… Иако, факт е дека една од најспорните ситуации на мечот е исклучувањето на голманот на „романтичарите“, Даниел Божиновски откако Ставрев наседна на очигледната глума на Дејан Блажевски при „судирот“ меѓу двајцата фудбалери…

Но, за Јаневски сепак останаа неколку спорни моменти на штета на Вардар кои мораа да се „расчистат“ со Ставрев.

 

Се вчитува...