Чеферин: Ситуацијата со Милан ме загрижува

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е загрижен за ситуацијата во која се наоѓа Милан со регулирање на финансискиот фер плеј. Иако од таборот на Милан доставија планови за доброволна спогодба со ФФП, тоа не ги оттргна сомнежите околу функцонирањето на клубот на чело со кинескиот сопственик Јонхонг Ли, кој летото вложи околу 200 милиони евра на засилувања.

„Ме загрижува ситуацијата со Милан, кон половината на декември надлежното тело треба да достави свое видување на овој случај. Се е можно, но засега е прерано да се даваат било какви поопширни изјави на оваа тема“, изјави Чеферин.

Првиот човек на УЕФА зборуваше и за неуспехот на Италија да се пласира на Светското првенство.

„За земја која со толку голема страст го доживува фудбалот е голема трагедија, но треба да се напомене и дека Холандија исто така не успеа да обезбеди пласман“, изјави првиот човек на УЕФА.

Се вчитува...