Чеферин: УЕФА сака 16 селекции директно во втората фаза на СП

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе побара од ФИФА учество на 16 репрезентации од Стариот континент на проширеното Светско првенство во 2026 година. Покрај тоа, УЕФА бара сите селекции од Европа да ја прескокнат директно првата фаза и да се приклучат директно во вториот круг, меѓу 32-те национални селекции.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин на денешниот Извршен одбор во Нион напомена дека овие барања се реални и верува дека ќе бидат прифатени од страна на ФИФА.

„Нашиот став е јасен и многу реален и сметаме дека ФИФА ќе го одговори позитивно на барањата на УЕФА“, изјави Чеферин.

Според првичниот план, ФИФА сакаше и понатаму да го развива фудбалот во целиот свет, и да им даде повеќе места на Африка и на Азија.

Се вчитува...