Чиста десетка за „Фалангата“: И на „минус десет“ во Албервил ечеше МАКЕДОНИЈА

arbervil baner

Ракометарите потфрлија во второто полувреме, но затоа навивачите беа за чиста десетка во текот на целото осминафинале. Иако разделени на најразлични делови од салата, тие не престанаа да ги бодрат своите миленици. Во арената во Албервил дури и на десет гола разлика за Норвешка ечеше „Македонија, Македонија“, со што навивачите на најдобар начин им се заблагодарија на своите миленици за прекрасните моменти и прославите на победите во Мец.

Неслучајно, ракометарите по натпреварот останаа уште неколку минути на теренот, отпоздравувајќи им на сите фанови кои се собраа денеска во Албервил, од различни делови на Македонија, но и од неколку земји ширум Европа.

Се вчитува...