Давитков: На Бога камења не сме фрлале…

Селекторот Јорданчо Давитков имаше причина за задоволство откако македонскиот национален тим од трет обид конечно стигна до првата победа во претквалификациите за СП 2019. Косово потклекна пред налетите на нашите кошаркари во второто полувреме, па сега „црвено-жолтите“

Ова беше тешка средба за нас на психолошки план, тие очигледно добро се подготвуваа бидејќи го донесоа и нивниот странец Бамфорт. Во првото полувреме погодија неколку чудни шутеви од табла. Ние во вториот дел заигравме подобро, конечно почнавме да погодуваме и шутеви што претходно ги промашувавме во овие претквалификации. Одиме чекор по чекор, сега пред нас е Естонија, меч на кој ќе сториме се за да стигнеме повторно до победата“ – изјави македонскиот селектор.

Тој откри и како ги мотивирал кошаркарите во пресрет на денешната средба, по двата порази на стартот од овој преткваликациски циклус.

„Пред мечот им реков на кошаркарите дека оваа средба е за нас, ние потрошивме цело лето, секојдневно трениравме, оваа победа секако ни е сатисфакција, но и мотив повеќе пред дуелот со Естонците. Јас најмалку шест пати го гледав првиот меч со Естонија, ние не одигравме толку лошо како што покажа резултатот. Противникот и таму ќе се обиде да диктира темпо со шутеви од далечина. Ние денеска го запревме Бериша, в среда ќе се обидеме да ги неутрализираме Естонците на ист начин. Ние ниту еден меч не сме шутирале тројка со посериозен процент, на Бога со камења не сме фрлале, зошто да не токму во Талин да шутираме со 40% од далечина и со тоа да направиме огромен чекор напред кон триумф“ – истакнува македонскиот селектор.

Се вчитува...