Давитков пред камбек на клупата на Македонија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Давитков пред камбек на клупата на Македонија!

Давитков пред камбек на клупата на Македонија!

Јорданчо Давитков е главен фаворит во трката за нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација и неговиот камбек на клупата на националниот тим би требало да се официјализира во следните десетина дена. ЕКИПА дознава дека токму долгогодишниот капитен на Работнички сега е во преден план во изборот за селектор, Давитков во изминатиот период разговарал на оваа тема со претседателот на МКФ, Петар Наумоски, при што двете страни изразиле подготвеност за соработка.

Наумоски во текот на викендот имаше состанок со шефот на стручниот штаб на Фени индустри, Љупчо Малинков, но на истиот првиот човек на МКФ воопшто не испратил конкретна понуда до младиот стручњак. Очигледно е дека раководството на МКФ инсистира што поскоро да го реши селекторското прашање, а според нашите информации Давитков е стручњакот што се наоѓа најблизу до конечен договор со Петар Наумоски. Станува збор за стратег кој ја водеше македонската репрезентација во периодот од 2001 до 2007 година, кога помогна „црвено-жолтите“ од Б дивизијата да се вратат во елитното европско кошаркарско друшто.

Давитков во меѓувреме ги водеше и екипите на Работнички, Никол фест, Балкан стил и Струмица, а по заминувањето од националниот тим тој реши да се пресели во Кувајт. Македонецот освои бројни трофеи, извесно време беше и селектор на Кувајт, а пред извесно време се пресели во Дубаи, каде е тренер на тимот на Ал Шааб. Останува да се види дали камбекот на клупата на Македонија ќе значи и негов ангажман само за време на квалификациите, или Давитков дефинитивно ќе се врати во мак-баскетот.

Македонија во текот на летото ја очекуваат претквалификациите за СП 2019 во Кина, во кои „црвено-жолтите“ се наоѓаат во иста група со Естонија и со Косово, при што првите две селекции обезбедуваат пласман во главните квалификации.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.