Дефрел ја налути „волчицата“, Сасуоло поразен на „Олимпико“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Дефрел ја налути „волчицата“, Сасуоло поразен на „Олимпико“

Дефрел ја налути „волчицата“, Сасуоло поразен на „Олимпико“

Рома се задржа на второто место на табелата во Серија А откако „волчицата“ вечерва славеше со 3-1 над Сасуоло во последниот натпревар од 29. коло во елитното италијанско фудбалско друштво.

Гостинскиот напаѓач Дефрел најави изненадување откако во деветтата минута постигна прекрасен погодок од петнаесетина метри. Сепак, гостите со тоа само ја налутија „волчицата“, избраниците на Спалети заиграа многу подобро и израмнија на 1-1 преку Паредес, пред борбениот Салах во самиот финиш од полувремето да го комплетира пресвртот.

Един Џеко втор меч по ред влезе во игра во второто полувреме, но статусот на резерва дефинитивно не  му пречи на Босанецот, кој повторно се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 3-1.

Рома ја одржа предноста од два бода во однос на третопласираниот Наполи, но со големи осум бода заостанување зад лидерот Јувентус.

Gregoire Defrel Goal HD – AS Roma 0-1 Sassuolo… by sharmanher


Leandro Paredes Fantastic Goal vs Sassuolo (1-1) by Miyoko-1


Mohamed Salah Goal HD – AS Roma 2 – 1 Sassuolo… by worldfoot


Edin Dzeko Goal AS Roma 3 – 1 Sassuolo Serie A… by funnyno1

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.