Дембеле пред трансфер на „Камп Ноу“

Младиот Французин Осман Дембеле е првата желба на Барселона во летниот преоден рок. Тој се докажа со своите игри во дресот на „милионерите“ оваа сезона и уште повеќе го привлече вниманието на каталонскиот гигант, кој сакаше да го анагжира и минатото лето. Дембеле сепак се одлучи за трансфер во Борусија Дортмунд, искажувајќи јасен став дека сака поголема минутажа, а во моментот нема да може да ја добие во редовите на Барса.

Сепак, сега работите се значително променети. Дембеле покажа дека може да игра на врвно ниво и сигурно би пристигнал на „Камп Ноу“ како едно од најголемите засилувања. Борусија Дортмунд минатото лето го купи од Рен за сума од 12 милиони евра, а сега ќе го продаде за тројно повеќе пари.

Се вчитува...