Додека противничките кукаат, Шарапова „писка“ на терен…: Што сакаат нека зборуваат!

Марија Шарапова се избори за полуфинале во Штутгарт, турнир на кој игра првпат по допинг скандалот и суспензијата. Бројни тенисерки го подигнаа својот гласа, а Шарапова онака лесно им ‘одбруси’: Ви само зборувајте, јас ќе играм!

„Што рече Бушар? Воопшто не ми е важно, не сакам тоа да го коментирам. Јас сум над тоа“ – вели Марија Шаропова која денеска ја чека полуфиналето против Кристина Младеновиќ.

Бројни светски тенисерки не реагираа добро кога сфатија дека Шарапова, по суспензијата, ќе добие шанса преку специјални покани за турнирите, а не низ квалификации како останатите тенисерки.

„Таа е лажливка, а на преварантите не смее да им се дозволи враќање во спортот. Мислам дека не е во ред што доби покана за турнирот во Штутгарт. Тоа е нечесно кон останатите тенисерки, а ВТА испраќа погрешна порака до децата кои сакаат да играат тенис. Мислам дека Шарапова повеќе не е пример за никого во светот“ – рече Еугине Бушар.

Младата канадска тенисерка директно „распали“ по Шарапова, а со прозивка се јави и Вознијацки…

„Мислам дека се гледа што се прави. Ги извртуваат правилата како би им удоволиле на оние на кои тоа им одговара. Прават како сакаат“ – рече Вознијацки.

И додека тие зборуваат, Маша „вришти“ на теренот… Ги решава една по една… На ред е Младеновиќ…

Се вчитува...