Док Риверс воодушевен од Теодосиќ: Покрај него, сите делуваат подобро на терен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Док Риверс воодушевен од Теодосиќ: Покрај него, сите делуваат подобро на терен

Док Риверс воодушевен од Теодосиќ: Покрај него, сите делуваат подобро на терен

Милош Теодосиќ вчера го имаше своето деби во дресот на Лос Анџелес клиперс во претсезонските натпревари во НБА-лигата.  Во „Ер Канада“ арената „клиперси“ се пресметаа со тимот на Торонто репторс, мечот го загубија со резултат од 121-113, српскиот репрезентативец не оствари некој учинок кога станува збор за поените, постигна само еден, но имаше импресивни 8 асистенции, која една од нив беше избрана за најдобро додавање од сите вчерашни средби.

„Тој тука пристигна со причина, да докаже што знае и да биде фантастичен при тоа. Тео ги прави другите да делуваат подобро на теренот, па дури и Деандре Џордан. Кога Милош ја има топката, можете да го видите Џордан како наеднаш станува „Јусеин Болт“ само за да истрча под противничкиот обрач и да добие топка од Теодосиќ за да поентира. Многу влијае на другите, веруваме во неговите способности. Со нетрпени чекаме да започне сезоната и да го видиме во најдоброто издание“, истакна Риверс на вчерашната пресконференција.


Дебитантскиот настап на Теодосиќ во НБА:

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.