„Доктор“ Валентино Роси е медицинско чудо (видео)

Валентино Роси уште еднаш покажа дека е медицински феномен, качувајќи се повторно на својот мотор помалку од три седмици по неговиот пад и скршеницата на ногата.

Веднаш по хируршкиот зафат беше најавено дека Роси ќе паузира најмалку еден месец, но тој 18 дена подоцна го докажа спротивното, возејќи го моторот на Јамаха во Мисано.

Челниците на Јамаха веќе објавија дека „докторот“ нема да се натпреварува во Арагон, а неговото место ќе му припадне на Михаел ван дер Марк, но останува да се види дали во следните 24 часа ова би можело да се промени, доколку Италијанецот докаже дека е максимално подготвен за трка од Мото ГП шампионатот.

Се вчитува...