Дидие Дешамп вечерва за последен пат ќе ја води француската репрезентација, во обид да стигне барем до бронзен медал на СП 2026 кога веќе не беше остварена големата желба – да се стигне до нова титула.
Легендарниот стратег мина повеќе од една деценија на чело на „триколорите“, освои се што можеше со оваа селекција, воедно и му даде шанса на Килијан Мбапе да блесне на репрезентативната фудбалска сцена.
Францускиот голгетер секогаш ја потенцираше поврзаноста што ја чувствува кон Дешамп, па денеска му посвети емотивно писмо на трофејниот тренер.
„Денеска е твојот последен танц. Ни даде толку многу, требаше да ти приредиме поубаво збогување, но не успеавме. Тешко е со зборови да се опише што се ни даде во текот на овие 14 години, бидејќи беше еден од клучните фактори во растот на француската репрезентација. Луѓето не знаеја секогаш да ја ценат твојата величина, но времето и историјата ќе се погрижат за тоа. Ти благодарам што ми даде шанса толку многу години да ја претставувам својата земја на најголемата сцена. Се чувствувам привилегиран што можев да бидам крај една од најголемите легенди на нашата земја. Носам само прекрасни спомени на се што минавме заедно, што преживеавме и остваривме за Франција. Ти посакувам се најдобро во новата авантура и уште еднаш – ти благодарам за се што даде за овој дрес што толку многу ни значи“, напиша Мбапе во писмото до Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
