Докузовски: Парма е голем клуб, а ние сме далеку од вистината!

Убедливиот пораз на Работнички од Парма (88-63) на гостувањето во Перм е реален показател за вистинскиот однос на силите. Овој прв меч од првото квалификациско коло за Еврокупот на ФИБА, потврди дека рускиот претствник е голем фавориот во дуелот и дека шансите на Работнички за пласман во второто коло, се сведуваат на минимум.

Парма е голем клуб. Тоа го покажа и на теренот и надвор од него. Објективно сме далеку од вистината. Беа подобри во сите елементи на играта. Ние може да бараме објективни причини за високиот пораз, но тоа нема да ја намали заслужената победа на Парма“ – изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски, за ЕКИПА, по денешниот меч во Русија.

Се вчитува...