Драма на холандското дерби – имаше ли грешка на технологијата?

Феенорд славеше со 2-1 над ПСВ Ајндховен во големото дерби на холандскиот шампионат, меч што предизвика бурни реакции поради победничкиот гол на Ван дер Хејден постигнат на шест минути до крајот.

Технолошки изум кажува дали топката ја минала гол-линијата на средбите од холандскиот шампионат, но во таборот на ПСВ се сомневаат дека голот на Феенорд бил регуларен. Видео-анализата на голот покажува дека топката со целиот свој обем ја минала линијата, но играчите на ПСВ сметаат дека сепак станува збор за грешка.

Ако се земе во предвид повторената снимка, на која јасно се гледа каде гостинскиот голман ја држи топката, можеби имаат и право.

Се вчитува...