Две супер-пресметки во ЛШ: Баерн против Реал, Јуве против Барса - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Две супер-пресметки во ЛШ: Баерн против Реал, Јуве против Барса

Две супер-пресметки во ЛШ: Баерн против Реал, Јуве против Барса

Четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе донесе две супер-пресметки меѓу европските гиганти, Реал Мадрид ќе ја брани титулата против Баерн Минхен, додека Јувентус ќе излезе на мегдан со Барселона. Карло Анчелоти ќе има можност да му се реваншира на својот поранешен клуб кога баварскиот гигант ќе излезе на мегдан со „кралевите“ од Мадрид. Барса ќе биде преполна со самодоверба по елиминцијата на ПСЖ, но на каталонците им е јасно дека нема да имаат нималку лесна задача против Јувентус, во репризата на финалето од пред две сезони.

Фудбалерите на Лестер ќе се обидат да направат чекор напред во историската сезона во четвртфиналето против Атлетико Мадрид, а многу интересно се очекува да биде на пресметките меѓу Борусија Дортмунд и Монако, два тима што негуваат максимално ефикасен фудбал.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Атлетико Мадрид – Лестер

Борусија Дортмунд – Монако

Баерн Минхен – Реал М.

Јувентус – Барселона

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.