ЕХФ ја исфрли Србија од квалификациите

Младинската репрезентација на Србија е исфрлена од квалификациите за СП за ракометарки до 20 години, откако денешниот меч со Косово не беше одигран. Владата на Србија ја донесе одлуката дуелот со Косово да не се игра, беше јасно дека ќе следат санкции, а од куќата на ракометот не чекаа многу за нивно обелоденување во јавноста.

„Како резултат на интервенција на Владата на Србија, мечот меѓу Србија и Косово не можеше да се игра. Со оглед на околностите околу натпреварот, на совет на полицијата во Србија, беше донесена одлука средбата наместо во Крагујевац, да се игра во спортскиот центар Ковилово во Белград. За да се гарантира безбедноста на актерите на овој настан беше решено мечо да се игра без присуство на новинари и на навивачи. Сепак, со оглед на околностите на одложувањето на натпреварот и неиграњето на истиот од страна на Србија, ЕХФ донесе одлука да ја исфрли Србија од натамошното учество во овие квалификации“ – се вели во соопштението на европската куќа на ракометот.

Се вчитува...