ЕКИПА ТВ – Агим Ибраими: Се вратив за европски успех со Шкендија

– Лошата инфраструктура создава слика дека во Македонија фудбалот е слаб

 – Ние знаеме каде живееме, но неопходно е да ги имаме најмалку елементарните работи 

 – За успешна кариера и добри трансфери треба околу себе да имаше чесни луѓе од доверба

 – Атлетико Мадрид и Порто беа моите дестинации, завршив во Калјари

 – Со Марибор имав одлични искуства во Лигата на шампионите

 – Сакам европски успех со Шкендија, затоа дојдов 

Агим Ибраими, една од најголемите ѕвезди на македонскиот фудбал. Тргна од Шкендија преку Марибор до европските успеси. Повторно е во родното Тетово и во Шкендија. За ЕКИПА ТВ зборува за квалитетот на македонскиот фудбал, за желбата со Шкендија да дојде до групна фаза во европско натпреварување, за конкуренцијата во домашната лига.

Шкендија убедливо стигна до шампионската титула, следниот предизвик е настапот во квалификациите во Лигата на шампионите. Амбициите на клубот се пласман во групниот сегмент во некое од европските натпреварувања.

Се вчитува...