Елмас: Ние помладите, ќе се обидеме да го следиме овој пат…

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Македонија ги испраќа своите „херои“ со громогласен аплауз и најголем дел од сегашните избраници на Благоја Милевски по прекрасната авантура што започна од Исланд, со првиот меч од квалификациите, а заврши синоќа на ЕП во Полска, сега ќе бидат во нотесот на селекторот на А-тимот, Игор Ангеловски. Еден од оние кои ќе останат и во следниот циклус, е суперталентот Елиф Елмас, кој со неполни 18 години, блескаше во средниот ред на Македонија и на овој шампионат.

„Загубивме од Португалија и не можеме да бидеме бескрајно среќни од тој агол, но верувам дека сите Македонци се горди на нашиот настап на Европското првенство. Го исполнивме ветувањето, дека ќе дојдеме во Полска и ќе се надигруваме со сите, па и со такви силни селекции како Шпанија и Португалија. Со Србија можевме и до победата. Но, најважно од се е дека Македонија беше за првпат учесник на ЕП, и јас лично сум неизмерно среќен што сум дел од оваа селекција. Со неполни 18 години бев дел од еден голем настан, и можам да ветам дека ноие помладите и во иднина ќе се трудиме да го следиме патот кој го отвори оваа генерација“, изјави Елиф Елмас по синоќешниот натпревар со Португалија.

Се вчитува...