Евра доби седум месеци суспензија од УЕФА и отказ од Олимпик Марсеј - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Евра доби седум месеци суспензија од УЕФА и отказ од Олимпик Марсеј

Евра доби седум месеци суспензија од УЕФА и отказ од Олимпик Марсеј

Дисциплинската Комисија при УЕФА го казни Патрис Евра со огромни седум месеци суспензија поради скандалозниот гест на искусниот дефанзивец, кој физички нападна еден од навивачите на својот тим Олимпик Марсеј пред дуелот од Лигата на Европа против Гимараеш.

Ова практично значи дека Евра нема да може да настапува во европските купови до крајот на оваа сезона, со оглед на фактот дека забраната му истекува на 30 јуни 2018 година. Речиси во исто време дојде и втората лоша вест за 36-годишниот дефанзивец, откако Олимпик Марсеј реши да го раскине договорот со него, по силниот притисок од навивачите да не се чува на „Велодром“ играч што направил така сериозен инцидент.

Останува да се види дали ќе се реализираат најавите за камбек на левиот бек во Премиер-лигата, каде Вест хем искажа сериозен интерес да го доведе во своите редови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.