Федерер во јуриш на 20.гранслем титула: Со 36 години, не сум главен фаворит на Австралија Опен

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер ќе ја брани титулата на првиот гранслем турнир во 2018 година, Австралија Опен, што започнува на терените во Мелбурн. Тој го напаѓа 20.гранслем трофеј во кариерата, но и потенцира дека овојпат не е главен фаворит за освојување на пехарот.

„Имам 36 години, возраста си го прави своето, па иако се уште се чувствувам одлично и имам голема желба да се надигрувам на тенискиот терен, сепак, не се сметам за главен фаворит на Австралија Опен. Мислам дека Рафа, кој имаше одлични настапи во 2017 година, или Новак, кој има шест титули во Мелбурн, се далеку поголеми фаворити за пехарот од мене. А јас ќе влезам опуштено во мечевите и ќе одам чекор по чекор, па ќе видиме до каде ќе стигнам“, изјави Федерер, обидувајќи се притисокот да го префрли на дел од своите ривали.

Швајцарецот на стартот ќе ги одмери силите со Словенецот Аљаз Бедене.

Се вчитува...