Фенербахче прави балкански тандем во средниот ред – Грујиќ од јануари ќе биде соиграч на Елмас?

Фенербахче е заинтересиран да го позајми фудбалерот на Ливерпул, Марко Грујиќ на 18 месеци, а потоа да ги откупи правата на неговиот договор за цена од пет милиони евра. Тренерот на „фенерите“ Ајкут Кочаман е во потрага по фудбалер од везниот ред кој ќе внесе креација во средината, а токму Грујиќ е негова најголема желба за јануарскиот преоден рок.

Со оглед на тоа дека младиот српски репрезентативец речиси и да не добива минутажа во првиот тим на Клоп, позајмица во јануари не е на одмет, па така Грујиќ би можел да заигра покрај Елиф Елмас кој од оваа полусезона ќе добие право да настапува за првиот тим на Фенербахче. Сепак, англиските медиуми кои го следат Ливерпул велат дека Грујиќ ќе добива повеќе шанса во следниот период, а доколку се одлучат на позајмување, целат на тоа Грујиќ да остане во Премиер – лигата со цел да се усовршува на начинот на кој се игра фудбалот во Англија.

Фенербахче и Ливерпул се веќе познати по успешните зделки изминативе години, пример за тоа се трансферите на Дирк Кајт, Мартин Шкртел и Лазар Марковиќ.

Се вчитува...