Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во ново финале во Суперлигата, откако вечерва на домашен терен во „мајсторката“ го декласираа Пелистер со убедливи 87-58.
Битолчани одиграа одлично во првиот дел во кој успеаја да му парираат на домаќинот и на пауза да се замине во егал 37-37. Сепак, во вториот дел играше само еден тим. Во третиот период битолчани постигнаа само пет поени, а по 30 минути игра „металците“ веќе ги решија сите дилеми околу патникот во финалето (66-42).
До крајот избраниците на Васко Атанасов само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 87-58. Марин Петков со 23 поени, надополнети со седум асистенции и три скока беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Кевин Брејси-Дејвис постигна 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





























