Филип Лазаров: Немаме сили да го прескокнеме тоа осминафинале

arbervil baner

Македонската репрезентација загуби од Норвешка во осминафиналето на СП во Франција со 24-34. Поразот во голем дел се должи на падот во играта во второто полувреме, но според Филип Лазаров, резултатот не е реална слика за односот на силите.

Паднавме во второто полувреме. Имавме добро прво полуврме, имавме добар голман, добра одбрана, но во напад промашивме неколку зицери кои потоа скапо не чинеа. Лошо го отворивме второто полувреме, едноставно немавме сили. Норвешка покажа квалитет и не ни дозволи да се вратиме. Крајниот резултат пораз со десет гола разлика е многу. Можеби во моментов сме послаби од оваа репрезентација на Норвешка без Манасков и Миркуловски, но не за десет гола разлика. Тоа е што е. Ние сме задоволни, ја исполнивме целта со која што дојдовме на ова СП. Штета и за нас и за целата наша публика што не успеавме денеска да пружиме посилен отпор или да направиме некое изненадување“ – истакна Лазаров.

Генералната оценка е дека, Македонија ја оставри целта со пласманот во осминафиналето, но и овој пат ни недостасуваше сила за да се направи еден чекор напред.

Кога би го заборавиле овој голем пораз, можеме да бидеме задоволни меѓутоа навистина е штета што веќе на трето првенство застануваме на исто место. Едноставно, немаме сили да го прескокнеме тоа осминафинале и да направиме историски успех со влеземе меѓу осумте најдобри“ – вели Лазаров.

Се вчитува...