Филип Талески: Се гордеам што сум капитен на овие момци

Филип Талески капитенски ја предводеше македонската репрезентација во решавачката победа против Бразил (28-23) за пласман во осминафиналето на Светското младинско првенство во Алжир. Бразилците немаа решение за бекот на македонската репрезентација и на Рајн Некар Левен. Капитенот бранеше, асистираше и погодуваше кога беше најпотребно. Македонската репрезентација покажа дека има квалитет, тимски дух и победнички менталитет токму кога е најтешко.

Дадовме максимум од нас и покажавме дека можеме. Мислам дека се уште го немаме кажано последниот збор на ова првенство. Горд сум што сум капитен на оваа генерација и на овие момци. Во осминафиналето не очекува уште потежок натпревар најверојатно против домаќинот Алжир, но и на тој натпревар ќе изгинеме на терен“ – изјави Филип Талески за ЕКИПА.

Се вчитува...