Финална тактичка подготовка на „вардарци“ за мегданот со Малме (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Финална тактичка подготовка на „вардарци“ за мегданот со Малме (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Финална тактичка подготовка на „вардарци“ за мегданот со Малме (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Вардарци“ го одработија и последниот тренинг вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица, пред утрешниот реванш натпревар против Малме во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Vardar trening 4

Фудбалерите на македонскиот шампион тренираа на теренот каде што утре ќе го играат мечот во кој влегуваат со големи шанси за пласман понатаму, после оние 1-1 првиот натпревар во Шведска.

Vardar trening

Vardar trening 3

Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски на последниот тренинг финишираше со тактичките подготовки пред утрешниот меч. Во позитивно расположение „црвено-црните“ веруваат дека се има сила да се стигне до позитивен резултат против Швеѓаните кој ќе донесе продолжување на европското лето…

Vardar trening 2

ФОТО: www.fkvardar.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.