Фирмино не го пуштаа на стадион, а потоа им даде гол за четири минути (ВИДЕО)

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, во прв момент не доби дозвола да влезе на стадионот „Људски врт“ во Марибор, во пресрет на синоќешниот меч од Лигата на шампионите. Тој беше учтиво замолен од претставничката на обезбедувањето да ја покаже својата акредитација, дека навистина му припаѓа на тимот на англискиот премиерлигаш.

Фирмино се врати во автобусот по акредитацијата, потоа влезе без проблеми, но им даде гол на фудбалерите на Марибор по само четири минути игра. Тогаш почна серијата голови на Ливерпул, Фирмино постигна и уште еден гол во второто полувреме, а Марибор си доби „седумка“ (0-7)…

Се вчитува...